ИСПОРАКА ШИРУМ ЦЕЛА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
  • ПИРЕЈА: тел: 210 4225134 
  • СОЛУН: тел: 2310 705400 
  • СКОПЈЕ: тел: +389 2 3256553 
  • info@boznos.mk
CART
 x 

ДОБИЈТЕ ИНДУСТРИСКИ РЕДУКТОР ОД SEW-EURODRIVE ЗА 5 ДЕНА

Колку пати сте биле во позиција да ви требало да ја обновите вашата индустриска опрема? Откривте кои индустриски редуктори се погодни за вашата машинерија, но се плашите од долго време на испорака по поставувањето на вашата нарачка?

Не повеќе, бидејќи производството на SEW-EURODRIVE индустриските редуктори може да се изврши за 5 дена!

зашто е креиран овој производствен систем?

Постоењето на пократки времиња на производство од неговите конкуренти отсекогаш било еден од факторите за успехот на SEW-EURODRIVE. Стартот е веќе беше направен со мотор-редукторите, кои до клиентите стигнуваат за неколку дена кога тоа е потребно, а сега тоа е можно и за индустриските редуктори.

 Со доследно анализирање на машините и нивните карактеристики продадени во последниве години, беше можно да се идентификуваат оние кои се најбарани. Резервните делови потребни за овие индустриски редуктори започнаа да се произведуваат систематски, во соодветни количини и сега се на располагање во фабриките на SEW-EURODRIVE. Имајќи соодветни видови резервни делови и залихи, се појави системот за производство на ATO5 (Assemble-To-Order-5)

КОГА ПОЧНУВА?

Новиот систем ATO5 е лансиран од 1 септември, 2020 година. Моторите со голем вртежен момент и индустриските редуктори може да се испраќаат во рок од пет работни дена од фабриката за производство, па дури и за еден ден, доколку има итни случаи, без скоро никакви ограничувања. Се разбира, ова зависи и од нивната достапност. Конструктивниот систем ATO5 ги покрива повеќето ваши потреби.

ЗА КОГО СЕ ОДНЕСУВА? 

Секој кој работи во полето на технологија и индустрија, но исто така и за они кои флексибилноста и сигурноста во работењето се главни параметри за нивната работа.

Ако сте дизајнер:

  • Ќе заштедите повеќе време за подобро планирање
  • Ќе можете да ја дизајнирате машината што ја посакувате со SEW-EURODRIVE индустриските редуктори и подоцна да ја направите вашата нарачка.
  • Вие ќе бидете фокусирани на главните аспекти на вашиот дизајн.
  • Вие ќе продолжите со брза имплементација на вашите проекти, благодарејќи на дефинираните параметри од страна на ATO5 производствениот систем

Ако сте инженер за одржување:

  • Искористете ја повисоката оперативна сигурност на вашата производна линија, бидејќи ATO5 индустриските редуктори може да се произведат за еден ден по вашата нарачка.
  • Намалете ја залихата на резервни делови и редуктори
  • Намалете го трошокот на магацин – краткото време на достава значи дека ние сме вашиот магацин.
  • Добијте повеќе флексибилност и намалете го обемот на работа за планирање на превентивно одржување.

Ако припаѓате во одделот за набавки:

  • Вие можете да ги нарачате редукторите по завршувањето на вашето дизајнирање и планирање, намалувајќи ги на тој начин промените во последен момент што се толку чести во денешно време и доведуваат до дополнителни трошоци.
  • Ќе добиете поголема флексибилност поради брзото производство.
  • Ќе имате повеќе време да се фокусирате на други работи што ви треба повеќе време да ги добиете и да ни ја испратите вашата нарачка подоцна, скоро на крајот од завршувањето на вашиот проект.

Нашата компанија БОЗНОС ДООЕЛ е горд партнер на SEW-EURODRIVE во Македонија и секогаш ви стои на располагање за какво било појаснување или прашање во врска со ATO5. Секогаш со доследност и одговор на вашите потреби!

 

ВИДИ ПРОДУКТИ ЗА ПРЕНОС