ИСПОРАКА ШИРУМ ЦЕЛА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
  • ПИРЕЈА: тел: 210 4225134 
  • СОЛУН: тел: 2310 705400 
  • СКОПЈЕ: тел: +389 2 3256553 
  • info@boznos.mk
CART
 x 

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

 

Политика за квалитет на CHR. BOZNOS & SON SA


Управата на друштвото има развиено политика за квалитет со фокус на управувањето со производите и со обезбедувањето на квалитетна услуга, преку користење на ефикасни начини за исполнување на своите обврски кон потрошувачите така што друштвото постојано ја задржува својата конкурентност.

CHR. BOSNOS AND SON SA преку својата политика за квалитет се залага за:

  • Пласирање и управување со високо квалитетни производи на пазарот.
    Достава на нарачки во посакуваното време и со целосна покриеност на побарувачките на своите потрошувачи.
    Преземање на неопходните мерки за почитување на законските одредби во поглед на производите што се пласираат, безбедноста на вработените и општо работата на друштвото.
    Обезбедување на сите неопходни ресурси за достава на услуги и заштита на интегритетот на производите што ги поседуваат потрошувачите.
    Покривање на сите прашања за приватност во врска со интелектуалната или комерцијалната сопственост на потрошувачот.
    Обезбедување целосна покриеност на барањата на стандардот ISO 9001: 2015.
    Развој на услови за заемна доверба и соработка со сите доставувачи.
    Постојано следење и усогласување со развојот на индустријата.
    Ефективно справување и задоволување на постојните и очекуваните потреби за обука, надградба и специјализација на вработените во друштвото.
    Алокација на неопходните ресурси за одржување и подобрување на ефикасноста на системот за квалитет на друштвото.
    Способност да се добијат оперативни резултати и резултати во поглед на перформансот за постигнување на целите во врска со квалитетот, при што постигнувањата се ревидираат на редовни интервали. 

 

Алатката преку која друштвото ја имплементира, верификува и прилагодува, по потреба, својата политика за квалитет е системот за квалитет што го има развиено и имплементирано. Валидноста и признаеноста на системот за квалитет се постигнува преку сертификацијата од независно тело во согласност со меѓународниот стандард ISO 9001:2015.

 

CHR. BOSNOS AND SON SA смета дека е неопходно активното учество на своите вработени во разгледување, развој и документирање на сите процеси неопходни за системот за квалитет. Сите вработени во друштвото придонесуваат кон ефективната имплементација и подобрување на системот за квалитет.

Политиката за квалитет се споделува меѓу сите вработени.

За CHR. BOZNOS AND SON SA


Харалампос Харалампопулос,


Извршен директор


15.04.18