ИСПОРАКА ШИРУМ ЦЕЛА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
  • ПИРЕЈА: тел: 210 4225134 
  • СОЛУН: тел: 2310 705400 
  • СКОПЈЕ: тел: +389 2 3256553 
  • info@boznos.mk
CART
 x 

ДРУШТВОТО

Друштвото под име Ch. Bosnos & Son SA е основано во 1948 година во Пиреја како трговец –поединец од Христос Бознос.

Во 1951 година, син му Јоргос Бознос стана дел од друштвото и на негова иницијатива друштвото за првпат настапи на грчкиот пазар со увоз на производи за погонски менувачи, вклучувајќи и нов производ за тоа време, наречен електричен редуктор.

Во 1953 година друштвото стана општо партнерство и поради брзиот развој за неколку години стана пионер во погонските системи и водечки биснис во машинерија за дигање, марински мотори и индустриска пластика, стекнувајќи го во 1964 година своето тековно правно име и форма, Ch. Bosnos & Son SA.

Денес, со друштвото раководи четвртата генерација од семејството Бознос и се фокусира на погонски менувачи, индустриска автоматизација и машинерија за дигање. Застапник е на дел од најголемите глобални производители од оваа област како SEW-EURODRIVE, VOITH TURBO, WARNER, KTR, CRCO (YALE) итн.

Ch. Bosnos & Son SA е регистрирано друштво во Пиреја, со подружница во Солун и во Скопје Од 2000 година, друштвото е наградено со сертификат за квалитет ISO 9001.

images/Building1small.JPG

Друштвото ја покрива цела Грција, Кипар, како и земјите од Западен Балкан, обезбедувајќи високо ниво на услуга со стока што покрива цел опсег на пазарни барања, од едноставни до технички софистицирани и индивидуализирани решенија.

 

75 години преполни со верни потрошувачи и добавувачи на друштвото се доказ за придржувањето на принципите утврдени од основачите од почетокот со работа:

КВАЛИТЕТ – УСЛУГА – ДОВЕРЛИВОСТ – ИСКРЕНОСТ

Во своите напори за постојано подобрување на услугите до потрошувачите, Ch. Bosnos & Son SA има интегриран оддел за поправка на електрични редуктори, дигалки и инверторите што ги увезува.

Во текот на своите 75 години постоење, друштвото има инвестирано и сѐ уште инвестира во обуката на своите вработени, кои постојано се надградуваат и обучуваат за да им понудат на потрошувачите непосредна и ефективна услуга.

Целта на друштвото е да продолжи во иднина со искрена и ефективна соработка со своите потрошувачи и да продолжи со напорите за подобрување, развој и проширување на своите активности.

/images/company/etairia2.jpg