ИСПОРАКА ШИРУМ ЦЕЛА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
  • ПИРЕЈА: тел: 210 4225134 
  • СОЛУН: тел: 2310 705400 
  • СКОПЈЕ: тел: +389 2 3256553 
  • info@boznos.mk
CART
 x 

КАКВО ВЛИЈАНИЕ ИМА КОВИД-19 ПАНДЕМИЈАТА ВРЗ ОБЛАСТА НА ИНДУСТРИСКАТА АВТОМАТИЗАЦИЈА?

Во текот на последната деценија, се повеќе се движиме кон 4-тата индустриска револуција (индустрија 4.0)

Се повеќе и повеќе задачи, кои претходно немаа можност за далечинска и автоматизирана интеграција, сега можат да се извршат без потреба од човечка интервенција, што значително придонесе за квалитетно и квантитавно зголемување на производството.

Бидејќи повеќето индустриски организации и производствени компании се борат со КОВИД-19 пандемијата, концептот на автоматизација и паметна фабрика е порелевантен од кога било. Едно од многуте ефекти на вирусна криза е преоценување на тоа како работиме и дали физичкото присуство е потребно за некоја активност.

Иако ширењето на вирусот беше погубен за сите сектори, тој беше клучен во зголемувањето на инвестициите во индустриската автоматизација. Потребата за непосредно прилагодување кон постојано променливите услови на деловното опкружување стана императив. Ова не би било можно без флексибилните системи за автоматско производство.

ДАЛИ КОВИД-19 ВЛИЈАЕШЕ ВРЗ СЕКТОРОТ НА ИНДУСТРИСКА АВТОМАТИЗАЦИЈА?

Во скоро секој индустриски сектор, како што се индустријата за пијалоци и храна, магацини/логистика, автомобилска индустрија итн., индустриите што ја искористиле индустриската автоматизација, покажуваат значителен раст во споредба со соодветните „традиционални“ индустрии, каде има потреба за човечки фактор или не се развиени соодветни системи за автоматизација. Некои од најважните придобивки што ги уживаат овие индустрии и се дополнително зајакнати од појавата на КОВИД-19 се:

ЛЕСНО И ГЛАДКО ФУНКЦИОНИРАЊЕ

Машините, како што е фрекфентниот регулатор на SEW-EURODRIVE, ги направија работните места побезбедни, поефикасни и пофлексибилни и можат да извршуваат повторливи задачи со голема прецизност и без прекини. Така, секој процес е автоматизиран и поефикасен, додека нема доцнење во завршувањето на проектите и нарачките.

НАМАЛЕНИ ОПЕРАТИВНИ ТРОШОЦИ

Во споредба со традиционалните индустрии, областите на индустриската автоматизација значително ги намалија оперативните трошоци. Благодарение на примената на единиците, како што се моторите SEW SERVO во комбинација со SEW инвертори или SEW мехатронските единици, кои управуваат со динамички апликации со голема прецизност и автоматизација со оптимизирана употреба на време и ресурси, тие успеваат да ги одржат нивоата на потрошувачка на енергија на особено ниски нивоа.

ФЛЕКСИБИЛНОСТ И ПРИСТАПНОСТ НА СЕКОЈА ПРОЦЕДУРА

Во случај на пандемија или сличен катастрофален настан, автоматизираните процеси од машините, како што е SEW фрекфентниот регулатор, имаат подобри перформанси отколку технологиите што бараат постојана човечка интервенција. Автоматизацијата еволуираше на ниво каде што може да прошири и соодветно да ја прилагоди секоја активност, а со тоа да ги оптимизира перформансите и да го постигне потребниот резултат на секој бизнис.

Заедно со здравствената криза и епидемијата на болеста, вирусот може да предизвика уште поголем пораст на автоматизацијата и тековните промени на брзо растечкиот пазар на трудот. Затоа, ако сте активни во една од областите на индустриската автоматизација, изберете да ја подобрите ефикасноста и функционалноста на вашиот бизнис денес со соодветни машини како што се електричните мотори и фрекфентни регулатори на SEW-ЕURODRIVE од компанијата БОЗНОС ДООЕЛ. 

ОДИ НА ПРОИЗВОДИ ЗА АВТОМАТИЗАЦИЈА