ИСПОРАКА ШИРУМ ЦЕЛА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
  • ПИРЕЈА: тел: 210 4225134 
  • СОЛУН: тел: 2310 705400 
  • СКОПЈЕ: тел: +389 2 3256553 
  • info@boznos.mk
CART
 x 

Политика за приватност

 

 

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Општо земено, можете да пристапите до нашите интернет страници без да ни кажете кои сте и без да понудите никакви лични податоци. Сепак понекогаш ние или нашите партнери имаме потреба од некакви податоци од вас.

Можете да обезбедите лични податоци во различни околности. На пример, можете да ни понудите дел од податоци, како името и поштенската или електронската адреса за да ве контактираме при обработка на нарачката или за да ни доставите податоци од кредитната картичка за да купите нешто од нас. Нашата цел е да ви кажеме како ќе ги користиме овие податоци пред да ги земеме од вас. Доколку ни кажете дека не сакате да ги користиме овие податоци како основа за понатамошна комуникација со вас по исполнување на вашите барања, ќе ги почитуваме вашите желби. Доколку ни обезбедите со лични податоци од трета страна, пр., сопружник или колега, ќе претпоставиме дека имате дозвола да ги споделите тие податоци со нас.


УПОТРЕБА И ЗАЕДНИЧКА УПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Следните параграфи подетално опишуваат како ги користиме вашите лични податоци и со кого би можеле да ги споделиме. Во зависност од видот на нашата веб страна што ја посетувате можат да важат еден или повеќе од следните делови.


ОБРАБОТКА НА ТРАНСАКЦИЈА
Доколку побарате нешто од нашата веб страна, пр., производ или услуга, повик, или специфичен маркетинг материјал, ќе ги користиме податоците што сте ни ги обезбедиле за да ви го исполниме барањето. За оваа цел, можеме да ги споделиме вашите податоци со другите засегнати страни, пр., други оддели во друштвото, нашите трговски партнери, финансиски институции, компании за дотава, пошта или владини тела (пр., царина). Исто така можеме да ве контактираме околу трансакцијата во поглед на истражување на задоволството на потрошувачите или истражување на пазарот.


УПОТРЕБА ЗА МАРКЕТИНГ ЦЕЛИ
Податоците што ни ги давате преку веб страната можат да се користат од наша страна и да се изберат од трети страни за маркетинг ели. Сепак се обидуваме однапред да ви овозможиме да изберете дали сакате или не да се користат податоците на овој начин.


БЕЗБЕДНОСТ И КВАЛИТЕТ НА ПОДАТОЦИ
Нашата цел е да ги заштитиме вашите лични податоци и да го задржиме квалитетот. Ги применуваме соодветните мерки и процедури како употреба на енкрипции при пренос на чувствителни податоци за да се осигури заштитата на податоците и да се сочува квалитетот.


КОМПЛЕТИРАЊЕ ПОДАТОЦИ
Одвреме-навреме можеме да ги надополните податоците што ни ги давате преку веб страната со информации од други извори, како информации што ја потврдуваат вашата адреса или други достапни деловни информации. Ова го правиме за да биде прецизна собраната информација и да ве услужиме подобро.


СПОДЕЛУВАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Во некои случаи, ги користиме добавувачите да соберат, користат, анализираат и обработат податоци. Наша практика е да бараме од тие добавувачи да ракуваат со податоците на начин доследен со нашата изјава за приватност.


ПЕРИОД НА ЗАДРЖУВАЊЕ
Нема да задржуваме лични податоци повеќе отколку што е потребно за целите за кои се обработуваат, вклучувајќи и гаранција дека нашата обработка се придржува на важечки законски регулативи (пр., ревизии, задржување за сметководствени и правни цели итн), за решавање на спорови и како основа, искористување или одбрана на побарувачки.


ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА
Ги собираме податоците споменати во претходните параграфи преку употреба на разни технологии, една од кои се таканаречените „колачиња“. Колаче е склоп податоци што може да се прати од веб страната до пребарувачот на вашиот компјутер и потоа да се складира во вашиот компјутер како анонимен следач преку кој се идентификува вашиот компјутер, но не и вие. Можете да го прилагодите пребарувачот да постави прашање пред да се прифати употреба на колачиња, за да се реши секој пат дали ќе се прифати или не. Исто така можете целосно да ги деактивирате колачињата во пребарувачот. Сепак доколку го направите тоа некои функционалности нема да работат како што треба.
Колачињата на нашата веб страна се поделени во 5 категории:


1. СУШТИНСКИ
Суштинските колачиња се неопходни за соодветно функционирање на веб страната. Без нив нема да можете да пребарувате и да ја користите веб страната и затоа без овие колачиња не можеме да гарантираме ефикасно работење на веб страната. Овие колачиња не го препознаваат вашиот личен идентитет.
2. ФУНКЦИОНАЛНИ КОЛАЧИЊА
Функционалните колачиња користат складирани информации што до голем степен влијаат на работата на веб страната и ја олеснуваат следната посета на веб страната. Податоците можат да бидат анонимни и нема да бидат достапни додека се посетуваат други веб страни.
3. СТАТИСТИЧКИ КОЛАЧИЊА
Овие колачиња собираат информации за тоа како корисниците ја користат веб страната, на пример, кои страници најчесто ги посетуваат и дали примаат пораки за грешки од веб страните. Овие колачиња собираат анонимни податоци што не го идентификуваат корисникот. Се користат исклучиво за подобрување на перформансот на веб страната.
4. ТАРГЕТИРАНИ КОЛАЧИЊА
Овие колачиња се користат за да обезбедат содржина што најдобро одговара на вашите интереси. Можат да се користат да понудат таргетирани реклами/понуди, да ограничат реклами или да ја измерат ефективноста на некоја рекламна кампања. Овие колачиња не го препознаваат вашиот личен идентитет.
5. КОЛАЧИЊА ОД ТРЕТИ СТРАНИ
На нашата веб страна имаме дополнителна функционалност обезбедена од други веб страни (пр. социјални мрежи) преку специфични plug-in софтвери. За да работат овие алатки исправно, колачињата се преземаат директно од обезбедувачот на услугата до вашиот уред, без да ги провериме прилагодувањата за колачиња што потекнуваат од тие конкретни бев страни. За повеќе информации околу колачињата и како да управувате со нив посетете ги засебните веб страници на третите страни:
https://policies.google.com/privacy?hl=el
https://www.facebook.com/business/gdpr
https://twitter.com/privacy


ДЕАКТИВИРАЊЕ КОЛАЧИЊА
Можете да ги деактивирате колачињата со промена на прилагодувањата во вашиот пребарувач. Треба да се посочи дека веб страната може да не функционира исправно доколку се исклучат колачињата (видете го описот на видови колачиња погоре).

Ве молиме погледнете на табелата подолу и следете го соодветниот линк за да добиете дополнителни информации за тоа како да деактивирате колачиња:
Chrome: https://support.google.com/accounts/answer/61416?hl=el
Firefox: https://support.mozilla.org/el/kb/diagrafh-cookies-gia-afairesh-plhroforiwn
Internet Explorer: https://support.microsoft.com/en-us/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies#ie=ie-11
Safari: https://support.apple.com/en-gb/guide/safari/manage-cookies-and-website-data-sfri11471/mac
За други пребарувачи што не се наведени тука, ве молиме контактирајте го лицето што ја обезбедило оваа програма или побарајте „помош“ во пребарувачот.


ПОДАТОЦИ ОКОЛУ КОЛАЧИЊА
Доколку сакате повеќе податоци за колачиња, како се употребуваат и како се применуваат во случајот на вашите лични податоци, ве молиме посетете ја страницата http://www.aboutcookies.org


ДРУГИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ШТО ГИ СОБИРАМЕ
Секој пристап, успешен или не, до делови од нашата веб страна бараат употреба на корисничко име и лозинка што се внесува од безбедносни причини.
Исто така, при секоја посета, ја регистрираме IP адресата на посетителот со единствена цел да се заштити веб страната и серверот од корисници со штетни намери. Архивата со овие податоци се чува помалку од една година и не се обелоденува на трета страна.

СЛЕДЕЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА УСЛУГИ
За некои онлајн трансакции може да има потреба да ви се јавиме или вие да ни се јавите. Не заборавајте дека овие повици можат да се следат и во некои случаи да се снимаат за цели на обука на персоналот и за следење на квалитетот на услугите.


ЕЛЕКТРОНСКИ РЕКЛАМИ
Некои друштва ни помагаат да доставиме интерактивни онлајн реклами, како рекламни банери. Овие друштва можат да собираат и користат податоци од потрошувачите за да ни помогнат подобро да ги разбереме промоциите, кампањите и видовите на реклами што им се најпривлечни на потрошувачите. Податоците се кумулативни и затоа не можат да се поврзат со специфични лица. Сепак доколку не сакате овие друштва да собираат такви информации можете да ја посетите страната http://www.networkadvertising.org/ и да ги следите упатствата за изземање од процесот на собирање на овој вид податоци.


ОБЕЛОДЕНУВАЊЕ НАЛОЖЕНО СО ЗАКОН
Бидете свесни дека во некои случаи може да се побара обелоденување на податоци преку судски или друг налог, барање или наредба.


ЛИНКОВИ ДО ВЕБ СТРАНИ ШТО НЕ НИ ПРИПАЃААТ НАМ
Нашата веб страна може да содржи линкови до други страни. Не сме одговорни за практиките за обработка на лични податоци на другите веб страни ниту пак за нивната содржина.


ВАШИТЕ ПРАВА
Можете да побарате пристап, ажурирање и корекција на вашите лични податоци. Исто така имате право да не одобрите директна употреба на податоците во маркетинг цели. Згора на тоа, имате право да се побуните на обработката на податоци поради вашата состојба. Според регулативата на GDPR, имате право да побарате да се избришат вашите лични податоци, да се ограничи пристапот и да се забрани споделување. За пристап до процесот на аплицирање, ве молиме контактирајте нѐ.


ПРАВО НА ПОПЛАКИ
Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци не е усогласена со законските регулативи за заштита на личните податоци можете да поднесете поплака:
Директно до нас со употреба на формуларот за контакт.
До надлежните власти за заштита на податоци. Имињата и контакт информациите на властите за заштита на податоци во Европската Унија се достапни на http://ec.europa.eu/justice/data-protection/article-29/structure/data-protection-authorities/index_en.htm.


ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ИЗМЕНИ
Кога и да се прави значителна измена на оваа изјава, ќе биде дадено известување на главната страница од веб страната во период од 30 дена.